ФОТОРЕПОРТЕРОТ И СОРАБОТНИК НА СДК.МК ЃОРЃИ ЛИЧОВСКИ СО НАГРАДА ВО ГЕРМАНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Хамбург,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФОТОРЕПОРТЕРОТ И СОРАБОТНИК НА СДК.МК ЃОРЃИ ЛИЧОВСКИ СО НАГРАДА ВО ГЕРМАНИЈА

    Македонскиот фоторепортер и соработник на СДК.МК Ѓорѓи Личовски доби признание бронзен медал на германската Академија Лид за трета најдобра фотографија, објавена во медиум во Германија минатата година.

    gjorgji-licovski-nagrada-3 Личовски, кој е соработник и на Европската Прес Агенција (ЕПА) повеќе од две децении, завчера во Хамбург ја доби наградата за фотографијата со татко и син бегалци на македонско-грчката граница кај Гевгелија.

    За истата фотографија, тој веќе ја освои и првата награда од фондацијата „Марко Лучета“ од Италија за Најдобра објавена фотографија во светот во 2015 година. Во декември минатата година, Личовски, еден од доајените на македонската фотографија, ја доби наградата „Фотографија на годината“ на УНИЦЕФ за фотографијата со двете расплакани деца, исто така, на македонско-грчката граница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира