ЈАПОНИЈА ГО ОДОБРИ ИСПУШТАЊЕТО НА РАДИОАКТИВНАТА ВОДА ОД ФУКУШИМА ВО ОКЕАН

    ЈАПОНИЈА ГО ОДОБРИ ИСПУШТАЊЕТО НА РАДИОАКТИВНАТА ВОДА ОД ФУКУШИМА ВО ОКЕАНВодата сега се складира во огромни резервоари, но се очекува тие да бидат полни до 2022 (Фото: Ројтерс)

    Јапонија одобри план за испуштање на повеќе од милион тони контаминирана вода од уништената нуклеарна централа во Фукушима во морето. Таа ќе биде прочистена и разредена, па нивото на радијација ќе биде под она утврдено за водата за пиење.

    Владата кажа дека испуштањето на водата, која беше користена за ладење на нуклеарното гориво, ќе почне за две години. Активисти, рибарската индустрија, Кина и Јужна Кореја се спротивставија на планот. Тој беше одобрен по неколку години дебата и неговото реализирање ќе трае неколку децении.

    Моментално, водата се третира низ сложен процес на филтрација, со кој се отстрануваат радиоактивните елементи, иако некои ќе останат, како тритиум. Таа потоа се складира во огромни резервоари, но се очекува тие да бидат полни до 2022 година. Моментално, во нив се чуваат 1,3 милиони тони радиоактивна вода, што е доволно да се наполнат околу 500 олимписки базени.

    Планот за испуштање на водата беше поддржан од Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).

    „Испуштањето во океан се правеше и на други места. Тоа не е ништо ново, ниту скандалозно. Со разредувањето, третираната вода не претставува никаков научно докажан ризик“, изјави генералниот директор на ИАЕА, Рафаел Маријано Гроси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира