Продажбата на двата државни луксузни автомобили „Мерцедес мајбах“ доцни бидејќи сè уште не е направена нивна проценка, соопшти црногорската влада.
Црногорската влада на 19 февруари донесе одлука да се продадат двете возила и парите да бидат наменети за помош на ранливи групи граѓани, но министерството за финансии денеска ја известило владата дека на проценителите им е потребно повеќе време за да направат извештај.
Овие две возила ги користеа претседателот Мило Ѓукановиќ и поранешниот премиер Душко Марковиќ, а беа купени во 2017 година од Агенцијата за национална безбедност со пари од државниот буџет за 1,3 милиони евра.