Ковчегот на британскиот принц Филип беше ставен во кралската гробница во капелата „Сент Џорџ“ во Виндзор на крајот од погребот на кој присуствуваа само 30 луѓе. Кралицата Елизабета Втора, неговата сопруга, седеше сама за време на погребот поради строгите рестриктивни ковид мерки во Англија. Принцот Филип, кој беше познат и како војводата од Единбург, беше погребан по повеќе од една недела откако почина на 99 години.
Сите членови на кралското семејство, како и неколку специјално избрани гости, беа облечени во црно, носеа црни маски и беа распоредени на далечина низ капелата поради рестрикциите.
На погребот, принцовите Вилијам и Хари беа забележани како разговараат релаксирано. Двајцата браќа, кои имаа потешкотии во нивниот однос изминатите неколку месеци, изгледаа пријателски настроени за време на погребот.
На погребот присуствуваа кралицата, нејзините четири деца, осумте внуци и уште пет нејзини роднини. Од страна на починатиот принц, од Германија пристигнаа да присуствуваат на погребот неговите роднини Бернард, принцот од Баден, принцот Донатус од Хесе, принцот Филип од Холенхол-Лангенбург, грофицата Маунтбатен од Бурма.
Меган, сопругата на принцот Хари, го гледаше погребот на телевизија во нејзиниот дом во Лос Анџелес, бидејќи е бремена и не смее да лета.
На принцот Филип му следуваше државен погреб, но по негова желба се одржа војнички погреб во чест на неговата служба во Британската морнарица за време на Втората светска војна.