Горила избегала од лондонската зоолошка градина, јавува Индипендент повикувајќи се на извори од посетители. Иако посетителите се затворени во зоолошката градина, надлежните велат дека за нив нема ризик.
Скотланд јард потврди дека добиле повик за помош од Зоолошката во Риџент парк нешто по 15 часот.
Вработени во зоолошката градина ја бараат горилата вооружени со пушки за успивање.
Инцидентот се случува неколку месеци откако горила беше убиена во зоолошката градина во Синсинати, САД, откако грабна едно дете што паднало во затворениот дел за животни.
Посетителите на Зоолошката градина во Лондон на социјалните мрежи објавуваат дека се заробени и не ги пуштаат да излезат надвор и дека над областа лета хекикоптер, а многу луѓе вооружени со пушки за смирување трагаат по горилата.