ПЕТМИНА ИЗБОДЕНИ СО НОЖ ВО ЏАМИЈА ВО ТИРАНА, ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ ДЕКА НАПАЃАЧОТ ИМАЛ МЕНТАЛНИ ПРОБЛЕМИ

    ПЕТМИНА ИЗБОДЕНИ СО НОЖ ВО ЏАМИЈА ВО ТИРАНА, ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ ДЕКА НАПАЃАЧОТ ИМАЛ МЕНТАЛНИ ПРОБЛЕМИНападот во џамијата „Дине Хоџа“ се случил во моментите кога таа била полна со верници (Фото: АП)

    Албанската полиција се обидува да го утврди мотивот на вчерашниот напад во џамија во Тирана, кога петмина беа избодени со нож.

    Триесет и четиригодишниот Рудолф Николи влегол во џамијата „Дине Хоџа“ во центарот на Тирана по попладневната молитва, при што повредил пет лица на возраст од 22 до 35 години. Полицијата соопшти дека брзо реагирала и го привела напаѓачот, додека приватната телевизија „Топ ченл“ објави снимки како цивили го запираат Николи. Повредените се превезени во болница и не се животно загрозени.

    Полицијата додаде дека Николи имал ментални проблеми и дека веќе бил баран за друг напад со нож во март.

    Таткото на Николи ѝ изјавил на полицијата дека Рудолф бил во депресија од минатата година откако не му било дозволено да замине во Италија. Тој додал дека Рудолф преминал на ислам, но верниците често не му дозволувале да влезе во џамии, сметајќи дека е христијанин.

    Имамот на „Дине Хоџа“, Ахмед Калаја, изјави дека Николи го извршил нападот во периодот кога таа била полна со верници.

    „Се надеваме дека не е терористички напад“, кажа Калаја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира