Обвинителите Лиле Стефанова, Катерина Коларевиќ, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Наташа Поптрајкова на денешната јавна седница на Советот на јавни обвинители се избрани за обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Стефанова, Пеливанов и Ајро се од поранешното СЈО, Коларевиќ од Скопското, а Поптрајкова од ОЈО Струмица.
Највисоки оценки од сите 14 пријавени кандидати добија обвинители од поранешното СЈО.
Покрај овој избор, унапредени се уште пет обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. За виши јавни обвинители денеска се избрани: Јавниот обвинител на Скопје Сашо Рајчев, обвинителите од поранешното СЈО Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, Наум Пановски од обвинителството за организиран криминал и корупција и Снежана Бундалевска-Георгиеска од ОЈО Скопје.
Огласот за двата избора беше распишан пред повеќе од 6 месеци.
С. К. ДЕЛЕВСКА