ДЕМИРХИСАРЦИ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ГЛАВНАТА УЛИЦА, ЗА ДИРЕКТОРОТ НА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ СИТУАЦИЈАТА Е СМЕШНА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:54:"ДемирХисар,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕМИРХИСАРЦИ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ГЛАВНАТА УЛИЦА, ЗА ДИРЕКТОРОТ НА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ СИТУАЦИЈАТА Е СМЕШНА

    Еден месец чекаме „Македонија пат“ да асфалтира 1.300 метри од главната улица „Битолска“, се пожалија жителите на општина Демир Хисар. Тие денес излегоа на протести блокирајќи ја улицата која е делница од регионалниот пат Битола- Кичево. Побараа итно асфалтирање на улицата, во спротивно се заканија  дека ќе ги блокираат и регионалниот и споредниот пат кои водат за Кичево.

    „Еден месец чекаме да асфалтираат 1.300 метри од улицата. Ова е транзитен пат, минуваат многу возила и камиони, се дига прашина на сите страни. Куќите ни се во близина, децата ни се задушуваат во прашина“, велат демирхисарци.

    Директорот на „Македонија пат“, Веселинчо Спасевски, ситуацијата ја оценува како смешна, а не ја исклучува можноста да се работи за политички поттикнати протести.

    „Наместо да ми заблагодарат што ја асфалтираме улицата по 40 години, тие ни организираат протести. Асфалтирањето на оваа улица не беше во основниот план, но со лобирање се издејствува нејзина поправка. Не се работи за раскопана улица, туку изгребан е асфалтот за да се замени со нов. Таму работиме само две недели и штом завршиме во Кичево ќе ја асфалтираме улицата , тоа ќе биде деновиве“, рече Спасевски.  

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира