СЕ ПРЕВРТЕ ТОВАРЕН ВОЗ КАЈ КУМАНОВСКО РОМАНОВЦЕ, ОШТЕТЕНИ 250 МЕТРИ ПРУГА ОД КОРИДОРОТ 10

    СЕ ПРЕВРТЕ ТОВАРЕН ВОЗ КАЈ КУМАНОВСКО РОМАНОВЦЕ, ОШТЕТЕНИ 250 МЕТРИ ПРУГА ОД КОРИДОРОТ 10Нема повредени, но ќе има големи загуби оти пругата на Коридор 10 ја поврзува земјава со светот. (Фото: СДК.МК)

    250 метри шини од железничката пруга Скопје – Куманово, која е дел од Коридорот 10, е оштетена откако утринава товарен воз се превртел во кумановското село Романовце. Несреќата се случила во 9.20 часот, кога на релацијата Трубарево – Куманово композиција од 20 вагони пренесувала толчен камен за потребите на Македонска железница – Инфраструктура и 12 вагони се излизгале од пругата. Повредени нема, а направена е голема материјална штета.

    „Има голема материјална штета и ќе трпиме голема загуба поради нефункционирање на многу важниот дел за нас Коридор 10, железничката пруга која ја поврзува нашата држава со целиот свет. Јас можам да ветам дека ќе направиме натчовечки напори што поскоро да ја оспособиме пругата и да ја ставиме во функција поради нејзината огромна важност, бидејќи посебно овој дел, ова парче е дел од Паневропскиот коридор 10“, најави директорот на Македонски железници Хари Локвенец, кој дојде на местото на несреќата.

    Стручна екипа од експерти од Македонски железници денеска вршеше увид на терен, за да се утврди причината за несреќата. Откако ќе се отстранат превртените вагони, потоа ќе се реконструира оштетената пруга.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира