ЕЛИЗАБЕТА ПАВЛОВСКА НАЗНАЧЕНА ЗА В.Д. ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

    ЕЛИЗАБЕТА ПАВЛОВСКА НАЗНАЧЕНА ЗА В.Д. ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВОСоветот на јавни обвинители на истата седница распишал и оглас за избор на Јавен обвинител на Скопје, кандидати веќе конкурираат. (архивска фотографија)

    Досегашната заменичка на Сашо Рајчев, обвинителката Елизабета Павловска, е назначена за в.д. Јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје.

    Павловска доаѓа на местото на Рајчев, откако тој на 22 април беше избран за виш јавен обвинител.

    Советот на јавни обвинители на истата седница во четвртокот распишал и оглас за избор на Јавен обвинител на Скопје, кандидати веќе конкурираат.

    Скопското обвинителство е најголемото, со најголем број на предмети, а секако и најтешки од останатите основни обвинителства. Во последно време се издвои по тоа што стана и едно од најтранспарентните, заедно со Обвинителството за организиран криминал и корупција.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира