СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ БУЏЕТОТ ЗА 2017 ГОДИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ БУЏЕТОТ ЗА 2017 ГОДИНА

    Собранието го изгласа Буџетот за 2017 година со 72 гласа „за“ и 37 „против“ по нецели два часа дискусија на денешната седница. Буџетот за 2017 година изнесува 3,3 милијарди денари

    Претходно, министерот за финансии Кирил Миноски кажа дека со предлог-буџетот за 2017 година е проектиран умерено забрзан економски пораст од 3,4 проценти.

    „Спроведувањето на парламентарните избори и решавањето на политичката крза ќе имаат позитивно влијание врз домашните компании, зголемување на инвестициите, потрошувачката, но ќе бидат и позитивен сигнал за странските инвеститори“, рече Миноски.

    Пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески, обвини дека предлог-буџетот за 2017 година е една голема лага и на владејачката партија ѝ служи за да ги купи изборите.

    По усвојувањето на буџетот, претседателот на Собранието Трајко Вељановски даде еден час пауза, а потоа пратениците ќе расправаат за именување членови на Регулаторната комисија за енергетика, предлози за измени и дополнување на Законот за банките и Законот за иновациска дејност, како и за програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности.

    Распуштањето на Собранието е шеста точка на дневниот ред.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира