ПОЛОВИНА МИЛИОН МАКЕДОНЦИ СИРОМАШНИ, НАД 170 ИЛЈАДИ ОТСЕЛЕНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛОВИНА МИЛИОН МАКЕДОНЦИ СИРОМАШНИ, НАД 170 ИЛЈАДИ ОТСЕЛЕНИ

    457 илјади е бројот на лица кои живеат под прагот на сиромаштија во Македонија, што е 22,1% од населението, а над 170 илјади граѓани се отселени од земјата во последните 15 години, според последните достапни статистички податоци. Денеска се одбележува Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата и на конференцијата на тема Инклузија „И јас сакам да имам живот како другите!“ беше кажано дека 100 илјади граѓани живеат во апсолутна сиромаштија, додека милион и двесте илјади не можат да си ги задоволат основните потреби.

    Според извештајот на Државниот завод за статистика од минатата година, повеќе од 150 илјади семејства живеат во сиромаштија и 41,7% од населението е под прагот на сиромаштија сиромашни лица пред социјални трансфери и пред пензии.

    „Се зголемува бројот на семејства коишто располагаат со месечни примања под 5.600 денари (100 долари н.з.), што значи дека се намалува бројот на граѓани коишто можеме да ги рангираме во ниска средна класа. Се зголемува сиромашното население во Македонија и тоа е еден аларм што мора да се вклучи“, изјави министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски на одбележувањето на Денот на борба против сиромаштијата.

    Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), од 2000 година од земјава се отселени 171.730 луѓе. Рекордна е 2014 година, кога од Македонија си заминале 21.003 граѓани. Најмногу од нив, 14.650 емигрирале во Германија, 1.459 во Австрија и 1.392 во Швајцарија.

    Во пораст е и бројот на македонски граѓани, кои извадиле бугарски пасоши. Во последните 10 години, таа бројка изнесува 57.627, а уште 48.589 други добиле државјанство на некоја друга земја од Европската унија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира