ХАМАС ГИ РАКЕТИРАШЕ ТЕЛ АВИВ И ЕРУСАЛИМ, ДОДЕКА ИЗРАЕЛ ПРАВИ ПЛАНОВИ ЗА КОПНЕНА ИНВАЗИЈА НА ГАЗА

    ХАМАС ГИ РАКЕТИРАШЕ ТЕЛ АВИВ И ЕРУСАЛИМ, ДОДЕКА ИЗРАЕЛ ПРАВИ ПЛАНОВИ ЗА КОПНЕНА ИНВАЗИЈА НА ГАЗАИзраелската противвоздушна одбрана ги пресретнува ракетите испукани од Газа (Фото: Ројтерс)

    Израел ја засили својата воена офанзива на Газа, додека Хамас лансираше ракети кон Тел Авив и Ерусалим, како што продолжуваат најжестоките бомбардирања во областа од војната во 2014 година.

    Израелската војска ги подготвува плановите за можна копнена инвазија на Газа, што ќе се разгледува денеска, изјави нејзин портпарол, но засега не е донесена никаква одлука. Истовремено, американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Вашингтон ќе испрати свој претставник за да посредува во разговорите помеѓу Хамас и Израел.

    „Моите очекувања се дека ова брзо ќе заврши, но Израел има право да се брани“, кажа Бајден, не појаснувајќи на што се базира неговиот оптимизам.

    Илјадници Израелци утрово избегаа во скривници откако се огласија сирени за воздушен напад во Тел Авив, додека Израел продолжи да ги ракетира станбените области во Газа. Од понеделникот, кога ситуацијата ескалираше, Хамас испукал повеќе од 1.500 ракети кон Израел, кој за одмазда уби четворица командири и десетина оперативци на оваа палестинска група и срамни со земја три повеќекатници во Газа. Во една од нив беше сместена телевизијата „Ал-Акса“, со која раководи Хамас.

    Од почетокот на насилствата загинаа 67 луѓе во Газа, од кои 16 деца, како и седуммина Израелци, вклучувајќи петгодишно дете.

    Воздушните напади се проследени со немири во повеќе израелски градови со мешано еврејско-арапско население, каде што толпи напаѓаат луѓе на улица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира