НЕТАНЈАХУ ВЕТИ ДЕКА НАПАДИТЕ НА ГАЗА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ СЀ ДОДЕКА ХАМАС ГО РАКЕТИРА ИЗРАЕЛ

    НЕТАНЈАХУ ВЕТИ ДЕКА НАПАДИТЕ НА ГАЗА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ СЀ ДОДЕКА ХАМАС ГО РАКЕТИРА ИЗРАЕЛОд почетокот на борбите, во Газа загинале 42 деца (Фото: Ројтерс)

    Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе продолжат жестоко да одговараат на ракетните напади од Газа, откако крвавиот конфликт влезе во седмиот ден. Во денешните напади загинаа три лица во Газа, објавија здравствените служби, додека палестинските милитантни групи испукаа ракети кон Тел Авив.

    Американскиот претседател Џо Бајден вчера телефонски разговарал со Нетанјаху и со претседателот на Палестина, Махмуд Абас, за да ја изрази својата загриженост за ситуацијата, а денеска на оваа тема ќе заседава Советот за безбедност на Обединети нации.

    Од почетокот на борбите во понеделникот загинаа 153 луѓе во Газа, од кои 42 деца, додека Израел потврди десет мртви.

    „Нападите ќе продолжат сè додека биде неопходно. Правиме сè што е во нашата моќ за да ги ограничиме цивилните жртви. Ние не сме тие кои се одговорни за оваа конфронтација, туку оние кои нè напаѓаат“, кажа Нетанјаху во телевизиско обраќање.

    Израел утрово го бомбардираше домот на шефот на Хамас во Газа, а вчера ја уништи 12-катната зграда во која беа сместени редакциите на неколку меѓународни медиуми, како „Ал Џазира“ и АП. Израелската војска кажа дека зградата била легитимна цел зашто таму биле сместени и воени канцеларии на Хамас. За одмазда, Хамас ноќеска испукал над 120 ракети кон Израел и вети дека ќе продолжи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира