13 ДЕЦА МЕЃУ 33 ЗАГИНАТИ ВО НАЈСМРТОНОСНИОТ ИЗРАЕЛСКИ НАПАД НА ГАЗА ДОСЕГА

    13 ДЕЦА МЕЃУ 33 ЗАГИНАТИ ВО НАЈСМРТОНОСНИОТ ИЗРАЕЛСКИ НАПАД НА ГАЗА ДОСЕГАСпасувачите вадат девојче од урнатините на зграда во Газа (Фото: Ројтерс)

    Триесет и три луѓе загинаа, од кои 13 деца, во најсмртоносниот напад на израелската војска на Газа од почетокот на бомбардирањата во понеделникот. Здравствените служби кажаа дека се нападнати куќи во центарот на Газа, при што се повредени 50 лица.

    Бројот на загинати во Газа порасна на 181, вклучувајќи 52 деца. Две деца има и меѓу десеттемина загинати во Израел.

    Израелската армија утрово ги уништи и домовите на политичкиот и воен водач на Хамас, Јахија Синвар и на неговиот брат во јужниот град Хан Јунис.

    „Двете резиденции служеа како воена инфраструктура“, појасни војската.

    Водачите на Хамас се во илегала откако беа обновени борбите пред седум дена.

    И Израел и Хамас ветија дека ќе продолжат со ракетирањата откако вчера беше уништена 12-катницата во Газа во која беа сместени редакциите на неколку меѓународни медиуми.

    „Ние немавме навестувања дека Хамас има активности во зградата“, соопшти агенцијата АП.

    Од понеделникот, од Газа биле испукани над 2.000 ракети, додека Израел соопшти дека извел над 1.000 воздушни и артилериски напади во густо населениот појас, тврдејќи дека цел секогаш биле милитантните групи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира