МИНИСТЕРОТ АДЕМИ СЕ РАСТУРИЛ ОД ТРОШЕЊЕ НАШИ ПАРИ, ОТКРИ ДРЖАВНИОТ РЕВИЗОР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИНИСТЕРОТ АДЕМИ СЕ РАСТУРИЛ ОД ТРОШЕЊЕ НАШИ ПАРИ, ОТКРИ ДРЖАВНИОТ РЕВИЗОР

    Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за усогласеноста со закони и прописи по ревизијата на сметката на основниот буџет за 2015 година на Министерството за образование, кога министер беше Абдилаќим Адеми.

    Според ревизијата, правена од 1 март до 30 март годинава, а објавена вчера, службеници во министерството земале плати, иако не било евидентирано дека доаѓаат на работа, имало вработувања на лица без дефинирани обврски во кабинетот на министерот, вработени користеле такси надвор од работното време…

    „26 лица без добиена согласност од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства продолжуваат со работен ангажман во Кабинетот на министерот, без јасно и прецизно дефинирани обврски и работни задачи, за кои во текот на 2015 година исплатени се 4.361.000 денари“, стои во ревизорскиот извештај.

    Средношколците кампуваа лани во април и мај пред министерството, но не се договорија со министерот Адеми за враќање на старата матура и укинување на екстерното.

    Средношколците кампуваа лани во април и мај пред министерството, но не се договорија со министерот Адеми за враќање на старата матура и укинување на екстерното.

    Во текот на 2015 година, од министерството се направени расходи од 12.513.000 денари без соодветна поткрепувачка документација.

    „За хотелско сместување во земјата за вработени во Министерството и гости од странство исплатени се вкупно 861.000 денари без патни налози, покани за гостите, агенда за настаните и слично, а од нив 707.000 денари се платени за сместување во хотели од категорија со пет ѕвезди“, се наведува во извештајот.

    За угостителско-ресторански услуги се потрошени 5.151.000 денари без соодветна документација. По основ на потрошено гориво, исплатени се 5.414.000 денари без поединечни налози за користење на патничките автомобили за служебни дејствија.

    За проектот „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија и од областа на правото во Франција и Германија“, Државниот ревизор забележа:

    „Во магацинот каде што се доставуваат книгите/учебниците не се води целосна евиденција за примените и издадените книги и учебници на државните органи, институции и установи на РМ, со што Министерството нема податок за вкупниот број на примени и издадени книги/учебници“

    Минатата година во април, Средношколскиот пленум постави камп во паркот пред Министерството за образование со барање за враќање на стариот концепт на матура и укинување на екстерното тестирање. По три недели спиење во шатори и неколку протести пред министерството, средношколците го растурија кампот без да им бидат исполнети барањата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира