ДОТЕРАНИ МОТОРЏИИ ВОЗЕА НИЗ СКОПЈЕ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ – ФОТОГАЛЕРИЈА

    ДОТЕРАНИ МОТОРЏИИ ВОЗЕА НИЗ СКОПЈЕ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ – ФОТОГАЛЕРИЈАВљубениците во класични мотори беа дел од глобален светски настан за подигнување на свеста за машкото здравје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    По шести пат, денес низ скопските улици моторџии продефилираа дотерани во елегантни костуми на трката чија цел е да се подигне свеста кај јавноста за машкото здравје и борбата против ракот на простата.

    Станува збор за настан кој е дел од глобалното хуманитарно движење „The Distinguished Gentleman’s Ride” кое се одржува во чест на машкото здравје.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    „The Distinguished Gentleman’s Ride” годинава одбележува 10-годишен јубилеј, а Скопје е дел од ова движење веќе шест години. Досега, на глобално ниво собрани се 27,5 милиони долари како поддршка во борбата против ракот на простата. Во овој глобален настан биле вклучени над 340 илјади учесници од 107 држави во светот.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Движењето го поттикна Марк Хава во 2012 во Сиднеј кога облечен во свечен костум заедно со своите пријатели продефилира низ улиците во чест на негов пријател, кој ја изгубил битката со ракот на простатата. Оттогаш движењето секоја година има се поголем бројот на учесници и собрани средства.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

     

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира