Кабина за рентген снимање се запали на Клиниката за радиологија во Клиничкиот центар во Скопје. Поради пожарот евакуирани се сите пациенти и вработени, а како што велат од Бригадата за противпожарна заштита нема повредени.
„Навремено интервениравме со 5 возила и 12 пожарникари, нема повредени од пожарот, само материјална штета. Целиот објект е евакуиран, а пожарот во моментов е локализиран. Екипи од МВР ќе извршат увид, а најверојатно пожарот е предизвикан од инсталацијата“, вели Звонко Томески заменик-командант на Пожарната бригада на Скопје.
А. АНТЕВСКА