БЕТИ НЕ МУ ГИ ДАВАЛА ДОКУМЕНТИТЕ НА СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕТИ НЕ МУ ГИ ДАВАЛА ДОКУМЕНТИТЕ НА СЈО

    Обвинители од Специјалното обвинителство со судска наредба во понеделникот влегле во Министерството за култура. Министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска била многу лута и викала на цел глас кога ги видела обвинителите, велат неофицијално извори од министерството за САКАМДАКАЖАМ.МК. Според нив, откако и било објаснето дека мора да ги даде докумените што ги барало СЈО, таа поставила услов првин да ги копира. Потоа, вработени во министерството за култура два дена ги фотокопирале документите и ги заверувале на нотар.

    Во СЈО потврдија дека водат истрага за случај поврзан со министерството за култура.

    “Во оваа фаза на истрагата можеме да потврдиме дека со судска наредба влеговме во Министерството за култура за да обезбедиме докази за случаи што сме ги отвориле“. СЈО не открива што точно се истражува во Министерството за култура.

    Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска на 29 август дојде на распит во Специјалното јавно обвинителство. Ниту таа ниту СЈО не кажаа во кое својство и за кој случај беше повикана министерката.

    Канческа – Милевска беше државен секретар за култура во периодот 2006-2008, кога беа удрени темелите на „Скопје 2014“. Во нејзиниот мандат како министерка за култура од јули, 2008 до сега, се реализира овој проект кој беше најавен дека ќе чини 80 милиони, а досега чини 640 милиони евра.

    За сомнежи за криминалите на власта во „Скопје 2014“ исто така има и истрага на СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира