Александар Вучиќ изјави дека сите жители на БиХ од вечерва можат да се вакцинираат против ковид-19 во Србија.
„Тоа можат да го направат потполно бесплатно каде сакаат и кога сакаат. Тие притоа ќе добијат сертификат за вакцинираност како и сите граѓани на Србија“, кажа Вучиќ по состанокот со делегација на Република Српска.
Тој додаде дека Србија има доволно вакцини за целиот регион.
„Имаме вакцини колку сакате. Задоволен сум со вакцинирањето во Србија, но би сакал одзивот да беше уште поголем. Сепак, во изминатите 20-ина дена успеавме да вакцинираме уште 640.000 нови луѓе“, рече Вучиќ.