СРБИЈА ПОЧНА ДА ЈА ПРОИЗВЕДУВА РУСКАТА ВАКЦИНА „СПУТНИК“

    СРБИЈА ПОЧНА ДА ЈА ПРОИЗВЕДУВА РУСКАТА ВАКЦИНА „СПУТНИК“Путин и Вучиќ преку видеоврска присуствуваа на означувањето на почетокот на производството (Фото: Инстаграм)

    Во Србија почна да се произведува руската вакцина против ковид-19 „спутник“. Ова следува само еден ден откако од Русија пристигна авион со компонентите потребни за производство на вакцината, што ќе се прави во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ во Белград.

    Претседателите Владимир Путин и Александар Вучиќ преку видеоврска присуствуваа на означувањето на почетокот на производството. Србија на тој начин стана прва европска земја во која се произведува „спутник“.

    Вакцината произведена во Србија ќе почне да се дава на вакциналните пунктови за најмногу десет дена. Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ претходно го потврдил нејзиниот квалитет.

    Вакцината „спутник“ сè уште не е одобрена од СЗО и ЕУ, но веќе се користи во 66 држави, вклучувајќи неколку европски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира