СЕ САМОУБИ АБУБАКАР ШЕКАУ, ЛИДЕРОТ НА БОКО ХАРАМ ЧИИ ЦЕЛИ БИЛЕ ПРЕРАДИКАЛНИ И ЗА ИСЛАМСКА ДРЖАВА

    СЕ САМОУБИ АБУБАКАР ШЕКАУ, ЛИДЕРОТ НА БОКО ХАРАМ ЧИИ ЦЕЛИ БИЛЕ ПРЕРАДИКАЛНИ И ЗА ИСЛАМСКА ДРЖАВАШекау го презеде водството на Боко Харам во 2009 и потоа ја претвори во група која сееше страв и трепет (Фото: АФП)

    Лидерот на нигериската милитантна група Боко Харам, Абубакар Шекау, се самоубил, објави ривалска исламистичка група во аудиоснимка.

    Исламска држава во провинцијата Западна Африка (ИСВАП) кажа дека Шекау се разнесол со експлозив во борбите помеѓу двете групи околу 18 мај. Боко Харам и нигериската влада засега не ја потврдија смртта на Шекау, за кого и порано имаше информации дека е мртов.

    Во аудиоснимката што ја добиле неколку новински агенции, лидерот на ИСВАП, Абу Мусаб ал-Барнави, вели дека Шекау загинал на место откако го детонирал експлозивот.

    „ИСВАП сакаше да му понуди шанса да се покае и да ни се придружи. Шекау избра да се понижи себеси во задгробниот живот место на земјата“, вели гласот на снимката.

    Еден новинар поврзан со безбедносните служби изјави дека Шекау загинал кога ИСВАП ги нападнал позициите на Боко Харам во шумите во североисточна Нигерија.

    Абубакар Шекау го презеде водството на Боко Харам во 2009 година по смртта на основачот на организацијата и потоа ја трансформираше во група која сееше страв и трепет во североисточна Нигерија. Боко Харам изведуваше бомбашки напади и киднапирања низ регионот и се верува дека е одговорна за смрт на повеќе од 30.000 и за раселување на два милиона луѓе. Агендата на Шекау беше толку радикална што беше отфрлена од Исламска држава, поради што и дојде до формирање на ИСВАП.

    САД ја уценија главата на Шекау на седум милиони долари откако ја прогласија Боко Харам за терористичка организација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира