СКУЛПТУРА НА СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ НАПРАВЕНА ОД ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД СЕ ПОЈАВИ ПРЕД САМИТОТ НА Г7

    СКУЛПТУРА НА СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ НАПРАВЕНА ОД ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД СЕ ПОЈАВИ ПРЕД САМИТОТ НА Г7На скулптурата се прикажани Борис Џонсон, Јошихиде Суга, Емануел Макрон, Марио Драги, Џастин Трудо, Ангела Меркел и Џо Бајден

    Скулптура на лидерите на земјите од Г7 направена од електронски отпад е поставена во Корнвол во пресрет на самитот на оваа група. Обликувана во стилот на Маунт Рашмор во САД, таа е насловена Маунт Рисајклмор и има за цел да ја нагласи штетата што се предизвикува со фрлањето на електронските уреди.

    „Се надевам дека ова ќе покаже дека тие би требало да се прават така да можат полесно да се рециклираат. Тие треба полесно да се поправаат и да траат подолго, затоа што сите тие уреди завршуваат на депонии“, изјави авторот на скулптурата Џо Раш.

    На скулптурата се прикажани Борис Џонсон, Јошихиде Суга, Емануел Макрон, Марио Драги, Џастин Трудо, Ангела Меркел и Џо Бајден.

    Според Обединетите нации, во 2019 во светот биле фрлени повеќе од 53 милиони тони електронски отпад, девет милиони повеќе во споредба со пет години порано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира