АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО РАЗРЕШИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИЛИР МЕТА

    АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО РАЗРЕШИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИЛИР МЕТАМета го опиша импичментот како неуставен (Фото: АФП)

    Албанскиот парламент го отповика претседателот Илир Мета на денешната вонредна седница, со што го отстрани од функцијата. Мета се обвинува за прекршување на уставот така што отворено застанал против владејачката Социјалистичка партија за време на неодамнешните парламентарни избори.

    104 пратеници гласаа за разрешувањето на Мета, со што беше надмината потребната граница од 93 гласа. Тие велат дека Мета со своите активности предизвикал политичка нестабилност во Албанија и не ги исполнил своите уставни должности за зачувување на националното единство.

    Мета, кој дојде на функцијата во 2017 година, претходно ја осуди постапката за импичмент, нарекувајќи ја незаконска.

    „Импичментот е неуставен и смешен“, кажа портпаролот на Мета.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира