Министерот за здравство Никола Тодоров кажа дека денеска е распишан тендер за изградба на новиот Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, за кој целокупната инвестиција ќе чини 128 милиони евра.
„Инвестицијата само за изградба чини околу 68 милиони евра, а целокупната инвестиција за модернизирање на кампусот е во вкупна вредност од 128 милиони евра“, изјави Тодоров на денешната прес-конференција.
Oтворањето на понудите е предвидено за 5 декември во 14 часот, а градежните работи треба да отпочнат во март 2017 година. Предвидено е работите да завршат до крајот 2021 година.