ПРОТЕСТ ПРОТИВ СЕЧЕЊЕТО ДРВЈА НА ОРЦЕ НИКОЛОВ ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛО

    ПРОТЕСТ ПРОТИВ СЕЧЕЊЕТО ДРВЈА НА ОРЦЕ НИКОЛОВ ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛОНа 11 јуни, на улицата која се реконструира беа исечени осум, а на цела траса до крстосницата со Рузвелтова вкупно треба да се исечат 13 дрвја. (Фото: Фејсбук/Зелен хуман град)

    Граѓани денеска излегоа на протест против сечењето дрвја на улицата Орце Николов во скопско Дебар Маало, во организација на „Зелен хуман град“, здружена иницијатива на 12 организации и активистички групи од Скопје.

    На 11 јуни, на улицата која се реконструира беа исечени осум, а на цела траса до крстосницата со Рузвелтова вкупно треба да се исечат 13 дрвја.

    „Ќе побараме да се престане со понатамошно убивање на зеленилото во Скопје, кој е еден од најзагадените градови во Европа. Ќе побараме одговорност од институциите, ќе побараме да ги објават јавно сите документи со кои располагаат и со кои наводно се потврдува дека зеленилото кое овде е уништено било навистина за уништување, ако сакаме да живееме во демократска земја каде што граѓаните навистина се слушаат, каде што се владее навистина во склад со сите напредни принципи, со вклученост на јавноста“, беше кажано на протестот.

    Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на презентацијата на проектот во февруари 2019 година изјави „во проектирањето на улицата водено е сметка за сите дрвја, да не се отстрани ниту едно, а меѓу нив да се организира паркирањето“.

    Ден по сечата, на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК како тогаш не беше најавено дека ќе се сечат дрвја и како сега тие се болни, Богдановиќ рече дека состојбата ја увиделе кога ја раскопале улицата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира