УЕФА објави дека неколку луѓе се повредени во вчерашниот инцидент пред почетокот на натпреварот Франција-Германија на Европското првенство во Минхен, откако активист на „Гринпис“ со падобран се спушти на теренот.
Остатоци паднаа на теренот и трибините и за малку не го погодија францускиот селектор Дидје Депамп, откако параглајдеристот ги закачи жиците од камерата поврзана со покривот на стадионот, по што изгуби контрола и непријатно се приземји на тревникот.
„Ова беше невнимателен и опасен чин и властите ќе ги преземат сите неопходни мерки. Овој неодговорен чин предизвика повреди кај неколкумина гледачи, кои завршија во болница“, соопшти УЕФА.
И параглајдеристот, на чиј падобран пишуваше „Исфрлете ја нафтата!“ и „Гринпис“, прими лекарска помош пред да биде изнесен од теренот. „Гринпис“ подоцна објави дека донирал пари за една хуманитарна организација од Базел.
„Ова беше неприфатливо од секоја гледна точка. Полицијата го истражува инцидентот, кој можеше да заврши многу полошо“, изјави портпаролот на Германската фудбалска федерација.