КИМ ПРИЗНА ДЕКА ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕМА ДОВОЛНО ХРАНА

    КИМ ПРИЗНА ДЕКА ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕМА ДОВОЛНО ХРАНАСеверна Кореја ги затвори границите за да го спречи ширењето на ковид-19. (Фото: Ројтерс)

    Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун официјално призна дека неговата земја се соочува со недостиг на храна. На состанок на високи функционери, Ким рече дека „станува напната состојбата со храната кај луѓето“. Тој рече дека земјоделскиот сектор не успеал да ги исполни своите цели за жито поради ланските тајфуни, што предизвика поплавување.

    Постојат извештаи дека цените на храната се зголемиле, а државниот медиум известува дека еден килограм банани чини 45 американски долари.

    Северна Кореја ги затвори границите за да го спречи ширењето на ковид-19. Како резултат, опадна трговијата со Кина. Северна Кореја се потпира на Кина за храна, ѓубриво и гориво. Земјата исто така страда и од меѓународни санкции, наметнати поради нејзините нуклеарни програми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира