РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА ЗАПУКАЛА КОН БРИТАНСКИ ВОЕН БРОД ВО ЦРНОТО МОРЕ, ЛОНДОН ДЕМАНТИРА

    РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА ЗАПУКАЛА КОН БРИТАНСКИ ВОЕН БРОД ВО ЦРНОТО МОРЕ, ЛОНДОН ДЕМАНТИРАБродот „Дифендер“ снимен во Истанбул во почетокот на месецот (Фото: Ројтерс)

    Велика Британија ги демантираше извештаите дека руски воен брод запукал кон разурнувач на британската кралска морнарица откако наводно навлегол во руски територијални води во Црното Море.

    Руското министерство за одбрана претходно соопшти дека кон бродот „Дифендер“ биле испукани предупредувачки истрели во близина на Крим, а руски борбен авион исфрлил бомби.

    „Никакви предупредувачки истрели не биле испукани кон ‘Дифендер‘. Бродот пловеше во украинските води согласно меѓународното право“, објави британското министерство за одбрана.

    Оттаму додаваат дека Русија изведувала воена вежба во Црното Море, за што претходно биле известени. Според руското министерство за одбрана, „Дифендер“ навлегол три километри во руските води и дека конфронтацијата се случила покрај ‘ртот Фиолент.

    „Ги предупредивме дека ќе биде употребено оружје ако ја преминат границата на Руската Федерација, но не реагираа“, кажаа од руското министерство за одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира