ТРУДОВИОТ ИНСПЕКТОРОТ ГО ВРАТИ НА РАБОТА ПРОФЕСОРОТ ТОМЕ НАУМОВ, КОЈ БЕШЕ ПЕНЗИОНИРАН БЕЗ НЕГОВА ЖЕЛБА И ИЗВЕСТУВАЊЕ

    ТРУДОВИОТ ИНСПЕКТОРОТ ГО ВРАТИ НА РАБОТА ПРОФЕСОРОТ ТОМЕ НАУМОВ, КОЈ БЕШЕ ПЕНЗИОНИРАН БЕЗ НЕГОВА ЖЕЛБА И ИЗВЕСТУВАЊЕПроф. Наумов од Битолскиот универзитет разбра дека е пензиониран на испит со студентите. (Фото: СДК.МК)

    Државниот инспекторот за труд го врати на работа универзитетскиот професор Томе Наумов, на кого по 39 години работен стаж Високата медицинска школа му го прекина договорот за работа точно кога наполнил 64 години иако претходно имал доставено изјава за продолжување на работниот ангажман во академската 2021/22.  Инспекторатот донесе решение со кое се одлага извршувањето на одлуката на Високата медицинска школа од Битола за прекин на договорот за работа до донесувањето на правосилна одлука на судот за овој случај, по тужба против Школата поднесена од Наумов.

    Во образложението на Инспекторотот пишува дека направиле вонреден инспекциски надозр и констатирале оти работодавачот со своето однесување постапил спротивно на одредени членови од Законот за работни односи.

    Професорот Наумов денеска се врати на работа и рече дека наишол на сменета брава од неговиот кабинет, па морале да му отклучуваат, а од вратата бил тргнат и натписот со негово име.

    Тој беше одјавен од Агенцијата за вработување во април годинава поради пензионирање, но како што тврдеше, без претходно да биде известен. Изјави дека непријатната веста му ја кажале додека дрежел испит во Школата. Рече дека е отпуштен надвор од Законот за високо образование, кој е јасен и дозволува професор што ќе наполни 64 години има право да го продолжи работниот век до 67.

    Директорката на Високата медицинска школа Домника Рајчановска тогаш рече дека сите одлуки што ги донела во врска со професорот Наумов се засноваат врз почитување на одредбите од Законот за работни односи и Законот за високото образование.

    И претходно имало несогласувања меѓу Наумов и раководството на Школата. Тој во неколку наврати претходно, а и сега обвини дека институцијата не го исполнува основниот лимит за работа по број на редовни професори.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира