Врховниот суд на Пенсилванија ја укина пресудата за сексуален напад за комичарот Бил Козби, отворајќи пат за негово моментално ослободување.
Осумдесет и тригодишниот Козби отслужи повеќе од две години од затворската казна од три до десет години. Тој беше осуден во 2018 за дрогирање и злоставување на бившата кошаркарка Андреа Констанд во 2004 година.
Козби, ѕвезда на своето комично шоу од 1980-ите, важеше за еден од најомилените Американци пред десетици жени јавно да го обвинат за сексуален напад и пресудата против него се сметаше за клучен момент за #MeToo движењето.
Сепак, највисокиот суд во Пенсилванија сега заклучи дека договор склучен со претходниот обвинител спречил Козби да биде осуден во случајот. Судиите исто така утврдиле дека сведочењето на обвинувачите неповрзано со случајот го нарушило судењето.