ЌЕ ИМ ГИ СМАЧКАМЕ ГЛАВИТЕ НА СИТЕ КОИ ЈА УГНЕТУВААТ КИНА, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ШЈИ ЗА 100. РОДЕНДЕН НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА

    ЌЕ ИМ ГИ СМАЧКАМЕ ГЛАВИТЕ НА СИТЕ КОИ ЈА УГНЕТУВААТ КИНА, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ШЈИ ЗА 100. РОДЕНДЕН НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈАШји најави и модернизирање и засилување на кинеската армија (Фото: АП)

    Кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги предупреди странските сили дека нивните глави ќе бидат смачкани ако се обидат да ја малтретираат земјата или влијаат врз неа, во говорот на одбележувањето на 100. роденден на Комунистичката партија. Тој исто така го поздрави „новиот свет“ креиран од неговиот народ.

    Во едночасовното обраќање на плоштадот Тијананмен, Шји вети дека ќе ја засили кинеската армија, дека е посветен на обединувањето со Тајван и дека ќе обезбеди социјална стабилност во Хонгконг.

    „Луѓето во Кина не се само добри во уништувањето на стариот свет, туку и во креирањето на нов. Само социјализмот може да ја спаси Кина и само социјализмот со кинески карактеристики може да ја развие Кина“, кажа Шји.

    Тој и партијата добија голем замав откако земјата брзо заздрави од пандемијата на коронавирусот и зазеде понаметлив став на глобалната сцена. Во исто време, Кина ги наруши односите со САД и се обвинува за тешко кршење на човекови права, поврзано со муслиманското малцинство Ујгури и со задушувањето на демократијата во Хонгконг.

    „Кинезите се луѓе со силно чувство на гордост и самодоверба. Секоја странска сила која ќе се обиде да ја малтретира, угнетува или покори Кина, ќе заврши со смачкана глава од Кинескиот ѕид. Нема да дозволиме никој да ни попува“, предупреди Шји.

    Комунистичката партија на Кина лани добила 2,43 милиони нови членови, што е најголем годишен раст откако Шји стана претседател во 2013 и сега има вкупно 95,15 милиони членови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира