ОД ДЕНЕСКА СЕ ОТВОРААТ И ПРЕМИНИТЕ МЕЏИТЛИЈА И ДОЈРАН, СООПШТИЈА ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ

    ОД ДЕНЕСКА СЕ ОТВОРААТ И ПРЕМИНИТЕ МЕЏИТЛИЈА И ДОЈРАН, СООПШТИЈА ГРЧКИТЕ ВЛАСТИДосега работеше само преминот Богородица, и тоа со скратено работно време. Од денеска, сите три премина треба да работат 24 часа. (Фото: СДК.МК)

    Од денеска се отвораат сите копнени гранични премини со соседните земји, вклучувајќи ги и Меџитлија и Дојран со Македонија, според соопштението на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, објави државната агенција МИА. Сепак,  пропуштањето на патниците ќе почне од сабота, оти за да стапи на сила одлуката треба да биде објавена во грчкиот Слижбен весник.

    Досега работеше само преминот Богородица, и тоа со скратено работно време. Од денеска, сите три премина треба да работат 24 часа.

    „Ги зајакнуваме копнените граници. Од денеска, копнените граници ќе работат 24 часа“, изјави грчката заменик-министерка за туризам Софија Захараки за грчката телевизија „Скај“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира