ДРВЈАТА НА КЕЈ БЕА ЗАБЕТОНИРАНИ ПО ГРЕШКА НА ИЗВЕДУВАЧОТ, ЌЕ БИДЕ КАЗНЕТ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    ДРВЈАТА НА КЕЈ БЕА ЗАБЕТОНИРАНИ ПО ГРЕШКА НА ИЗВЕДУВАЧОТ, ЌЕ БИДЕ КАЗНЕТ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕСо ослободувањето (лево), сите бетонирани дрвја на кејот (десно) сега се целосно заштитени и ќе немаат последици при растење и развивање. (Фото: Град Скопје/Фејсбук)

    Ослободени се дрвјата кои беа бетонирани на кејот 13 Ноември на Вардар во строгиот центар на Скопје, а изведувачот ќе биде казнет, велат од Град Скопје. Бетонираните дрвја вчера ги забележаа граѓаните и невладините организации, а од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов велат дека биле бетонирани по грешка на изведувачот.

    „Со ослободувањето, сите дрвја на кејот сега се целосно заштитени и нема да имаат последици при нивното растење и развивање. По налог на градоначалникот Шилегов, од страна на градскиот инспекторат беше направен и записник според кој изведувачот ќе биде казнет“, велат градските власти.

    Град Скопје привршува со реконструкцијата на кејот 13 Ноември. Се поплочува шеталиштето во делот кај хотелот „Холидеј ин“, по што ќе следува поставување нови канделабри и урбана опрема. Според најавите од Градот, кон средината на јули кејот целосно ќе биде готов и пуштен во употреба. Инвестицијата чини околу 1,5 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира