АНГЛИЈА ПРВПАТ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ФИНАЛЕ НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

    АНГЛИЈА ПРВПАТ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ФИНАЛЕ НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВОХари Кејн го постигна победоносниот гол во 104. минута, откако по 90 минути беше 1:1: (Фото: Твитер/УЕФА)

    Англија за првпат се пласираше во финалето на Европското првенство во фудбал откако вечерва ја победи Данска во полуфиналето со 2:1 по продолженијата.

    Во финалето в недела, кое исто како и двете полуфиналиња се игра на „Вембли“ во Лондон, Англичаните ќе играат против Италија, која вчера ја совлада Шпанија.

    На вечерашното полуфинале, Данска поведе во 30. минута со голот на Микел Дамсгард, а Англија израмни со автоголот на Симон Кјаер девет минути.

    Во 104. минута, Хари Кејн го постави конечниот резултат. Данскиот голман Каспер Шмајхел го одбрани пеналот на Кејн, но топката се одби до англискиот напаѓач, кому од вторпат му успеа да ја затресе мрежата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира