Навивачите на сплитски „Хајдук“ почнале масовно да се вакцинираат откако е соопштено дека се отвораат вратите на стадионот за публика, но под одредени ковид мерки. На „Пољуд“ навивачите ќе можат да влезат само со потврди за вакцинација или негативен тест. За да не плаќаат за тестови навивачи изминативе денови во пунктовите за вакцинација бараат да се вакцинираат и тоа со вакцината „Џонсон и Џонсон“, за која е доволна само една доза.
„Вистина е. Слушнав дека 40 навивачи се вакцинирале. Можеби оние што се двоумеле дали да се вакцинираат сега побрзале тоа да го направат затоа што после 10 месеци конечно може да се оди на стадион“, вели член на навивачката група „Торцида“.
Првиот натпревар кој „Хајдук“ ќе го игра на стадионот „Пољуд“ е на 22 јули против тимот од Казахстан „Тобол“.