25-ГОДИШНА ЖЕНА СЕ ЛЕКУВА ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА, СО СИМПТОМИ ПРИМЕН И 24-ГОДИШНИК ОД ЦЕНТАР

    25-ГОДИШНА ЖЕНА СЕ ЛЕКУВА ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА, СО СИМПТОМИ ПРИМЕН И 24-ГОДИШНИК ОД ЦЕНТАРСите што се хоспитализирани на Клиниката се со невроинвазивна форма на леста, што е еден процент од 100 отсто заболени. Според статистиката, најтешка форма на болеста развиваат еден отсто од вкупниот број инфицирани. (Фото: СДК.МК)

    На Клиниката за инфективни болести од западнонилска треска се лекува 25-годишна пациентка, а денеска со симптоми е примен и 24-годишник од скопски Центар, кажа директорот на Клиниката Фадил Цана.

    „Кај 25-годишната пациентка, која се водеше како клинички суспектна, се потврди невроинвазивна форма на инфекција. Но, во меѓувреме, синоќа е хоспиталзиран и 24-годишен пациент, кој се води како суспектен случај и во текот на денешниот или утрешниот ден ќе знаеме дали ќе се потврди клиничката дијагноза. Тој живее во Центар“, рече д-р Цана.

    Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали секој потврден позитивен случај мора да се лекува болнички или може да се третира амбулантски, рече дека невроинвазивната форма мора да се лекува болнички.

    „Сите што се хоспитализирани на Клиниката се со невроинвазивна форма. Тие се еден процент од 100 отсто заболени. Според статистиката, најтешка форма на болеста развиваат еден отсто од вкупниот број инфицирани. Сите пациенти се од Скопје. Медицински напреднатата возраст е независен ризик-фактор за лошиот исход на оваа болест. Според сите статистики и истражувања, досега е утврдено дека кога има тешка невроинвазивна форма на воспаление на мозокот и мозочната обвивка, напредната возраст е независен ризик-фактор, кој може да доведе до лош исход“, додаде д-р Цана.

    Денеска уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Клиника за инфективни болести. Починатиот е на возраст од 76 години и се лекувал 27 дена на Клиниката, но поради дополнителните придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот.

    Вкупно четири лица починаа од западнонилска треска во земјата, а 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести.

    Во моментов на Клиниката хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска, од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, а два се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив лекувањето се одвива според сите клинички протоколи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира