Плакати со ликот на битолскиот градоначалник Владимир Талески со слоганот „Проверено“ да се истакнат на овие парламентарни избори за да знаат битолчани за која партија гласаат зашто и тој е од ВМРО-ДПМНЕ, побара Габриела Илиевска, советничка на ВМРО-НП на денешната седница на Совет во Битола. Додека зборуваше на говорницата, таа извади нов плакат со ликот на Талески.
„Предлагам точка на дневен ред која ќе гласи донесување на одлука за дополнителни 12 места резервирани за плакат со ликот и делото на Талески. Сметам дека треба на битолчани да им овозможиме 12 плакати за секоја година мината под водство на овој човек, ликот кој 12 години чесно и демократски работи, ликот кој на овој плакат го носи логото на ВМРО-ДПМНЕ и „Проверено“. Попроверен лик ниту сте имале, ниту ќе имате“, им рече Илиевска на советниците од владеачката партија.
Трошоците за плакатите таа предложи да бидат на сметка на Талески, бидејќи како што рече Илиевска, доволно украл.
Советничкото мнозинство гласаше против зашто, како што рекоа некои од советниците, општинскиот совет не бил циркуз.
ВМРО-НАРОДНА ПРЕДЛОЖИ ПОСТАВУВАЊЕ ПЛАКАТИ СО ЛИКОТ НА ТАЛЕСКИ ЗА ДА ЗНААТ БИТОЛЧАНИ ЗА КОГО ГЛАСААТ
a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.