Италија е нов европски шампион во фудбал откако ја победи Англија во финалето на Европското првенство, по изведувањето на пеналите. По 120 минути игра на „Вембли“ во Лондон, резултатот беше 1:1. Лук Шо ѝ донесе предност на Англија уште во втората минута, а Леонардо Бонучи израмни за Италија во 67. минута
При изведувањето на ударите од белата точка, Кејн и Мегваер беа прецизни за Англија, по што следуваа три промашувања на Рашфорд, Санчо и Сака. За Италија, голови од пенал постигнаа Берарди, Бонучи и Бернардески, а Белоти и Жоржињо промашија за 3:2.
За најдобар играч во финалето беше прогласен дефанзивецот на Италија Леонардо Бонучи, кој го постигна израмнувачкиот гол, а потоа погоди и од пенал. За Италија, ова е втора европска титула, додека Англија продолжува да чека на првиот трофеј на европските првенства.
Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума беше прогласен за најдобар играч на Европското првенство.