ПОЛИЦАЕЦ И ТРОЈЦА ЗАТВОРЕНИЦИ ПОВРЕДЕНИ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ ВО ТЕПАЧКА ВО К’ШАЊЕ

    ПОЛИЦАЕЦ И ТРОЈЦА ЗАТВОРЕНИЦИ ПОВРЕДЕНИ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ ВО ТЕПАЧКА ВО К’ШАЊЕНа повредените им е укажана лекарска помош, а СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот. - Затворот К'шање (архивска фотографија)

    Четири лица, меѓу кои и еден затворски полицаец се повредени во масовна тепачка, која вчера се случила во Казнено-поправната установа Куманово – затвор К`шање.

    Директорот на затворот, Ненад Цветковиќ, вели дека масовната тепачка во која учествувале 8 затвореници од две соби во затвореното крило, настанала поради банална расправија и нетрпеливост меѓу осудените лица.

    „Веднаш реагирала затворската полиција и додека се обидувале да ги разделат повреден е еден од нашите колеги. Не се работи за тешки повреди, повеќе за огреботини и модринки, предизвикани од тепачката. Повикана е Брза помош, известена е Кумановската полиција и Јавен обвинител, на сите учесници во пресметката ќе им бидат поднесени пријави од МВР и од управата на затворот“, вели Цветковиќ.

    МВР денеска соопшти дека вчера во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во затвор во К’шање настанала физичка пресметка помеѓу 8 лица, од кои 4 се повредени со остар предмет. Меѓу нив и еден затворски службеник. На повредените им е укажана лекарска помош, а СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира