ИЗРЕЧЕНА ПРВАТА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА УПАДОТ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС НА 6 ЈАНУАРИ, СЕ ОЧЕКУВААТ УШТЕ СТОТИЦИ

    ИЗРЕЧЕНА ПРВАТА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА УПАДОТ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС НА 6 ЈАНУАРИ, СЕ ОЧЕКУВААТ УШТЕ СТОТИЦИПол Олард Хоџкинс ја призна вината и изрази жалење за своите постапки

    Маж од Флорида е првото лице кое доби затворска казна за упадот во американскиот Конгрес на 6 јануари. Триесет и осумгодишниот Пол Олард Хоџкинс е осуден на осум месеци затвор откако ја призна вината за насилно влегување во Капитол со цел да ја попречи работата на Конгресот.

    Обвинителите бараа 18 месеци затвор, зашто „Хоџкинс придонесол за колективната закана за демократијата“. Се очекува во наредниот период да се изречат стотици слични пресуди за учество во нередите во Капитол.

    Зборувајќи во судот во Вашингтон, Хоџкинс призна дека учеството во опсадата била глупава одлука.

    „Можам отворено да кажам дека жалам и се каам за моите постапки поради штетата што ѝ е нанесена на земјата тој ден“, кажа Хоџкинс.

    ФБИ досега уапсил повеќе од 535 поединци во врска со упадот во Капитол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира