ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ КАЗНИ И КАФУЛИЊАТА „ИНТЕРМЕЦО“ И „ГНЕЗДО“ ЗА ГЛАСНА МУЗИКА, ТРЕБА ДА ГИ ОТСТРАНАТ ЗВУЧНИЦИТЕ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ КАЗНИ И КАФУЛИЊАТА „ИНТЕРМЕЦО“ И „ГНЕЗДО“ ЗА ГЛАСНА МУЗИКА, ТРЕБА ДА ГИ ОТСТРАНАТ ЗВУЧНИЦИТЕСопствениците на локалите имаат рок од 8 дена да го отстранат озвучување, во спротивно ќе добијат парични казни. (Фото: К. Попов)

    Општина Центар ги казни кафулињата „Интермецо“ и „Гнездо“ во центарот на Скопје за пуштање гласна музика. Во понеделникот казнети беа кафулињата „Мош“ и „Макка“. Сопствениците на локалите имаат рок од 8 дена да го отстранат озвучување, во спротивно ќе добијат парични казни.

    „Овластените општински инспектори за животна средина, заедно со одговорните лица од овластената лабораторија за мерење на бучава, со која Општина Центар има склучено договор, овие денови се повторно на терен. По извршените мерења во одредени локали, инспекторите констатираа повисоки вредности од максимално дозволените гранични во ноќен период, по 23 часот, во ‘Гнездо‘ и ‘Интермецо‘. Изречени се решенија за преземање мерки за намалување на вредноста на емисионото ниво на бучавата во животната средина“, велат од Општина Центар.

    Од Општината апелираа до сите управители и сопственици на угостителски објекти да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина. Во спротивно, за сите измерени надминувања на граничните вредности на бучава, ќе се преземат законски пропишаните мерки и на угостителските објекти ќе им бидат изречени поригорозни казни, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира