НАЈМНОГУ 20 КОЛИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДОЗВОЛА ДА СЕ ДВИЖАТ НИЗ РЕНОВИРАНИОТ СКОПСКИ КЕЈ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ НА ОТВОРАЊЕТО НА ШЕТАЛИШТЕТО

    НАЈМНОГУ 20 КОЛИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДОЗВОЛА ДА СЕ ДВИЖАТ НИЗ РЕНОВИРАНИОТ СКОПСКИ КЕЈ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ НА ОТВОРАЊЕТО НА ШЕТАЛИШТЕТООслободен е средишниот дел, кој беше узурпиран од тераси со цврста градба на кафулињата. (Фото: К. Попов)

    Град Скопје денеска го отвори кејот 13 Ноември кој почна да се реновира пролетва, а реконструкцијата чини 1.5 милиони евра. Поставен е нов плочник, клупи и ново осветлување. Ослободен е средишниот дел, кој беше узурпиран од тераси со цврста градба на кафулињата. Како што кажа градоначалникот Петре Шилегов , сега тој ќе биде слободен за пешаци, а кафулињата ќе имаат летни тераси само пред објектите.

    „Денеска, на одбележувањето на 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес, го отвораме ова ослободено шеталиште. Се радувам што Град Скопје конечно воспостави ред во хаосот што владееше во овој дел од центарот на градот“, рече Шилегов.

    На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК дали на кејот ќе биде дозволено движење на возила и колку добиле дозвола за тоа, Шилегов рече дека досега не е дадена ниту една дозвола.

    „Ако се дадат дозволи, тоа ќе биде за најмногу 20 автомобили кои ќе имаат еден час наутро и еден час попладне да се движат. Дотурот на роба за кафулињата ќе се врши преку Градскиот трговски центар односно камиони нема да влегуваат на кеј“, одговори Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира