ТЕКВОНДИСТОТ ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО

    ТЕКВОНДИСТОТ ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИОГеоргиевски за влез во финалето ќе се бори против Ин Кјо Дон од Јужна Кореја. (Фото: МРТ/принтскрин)

    Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Токио во категоријата над 80 килограми. За пласман во финалето, тој во 9:45 часот ќе се бори против Ин Кјо Дон од Јужна Кореја.

    Георгиевски во првото коло го совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо со 11:8, а потоа во четвртфиналето беше подобар од репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4.

    Дваесет и двегодишниот Георгиевски е еден од двајцата македонски спортисти кои со норма се пласираа на Олимписките игри во Токио, покрај борачот Магомедгаџи Нуров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира