Сиднеј го продолжи карантинот за уште четири недели, откако бројот на заразени со коронавирус продолжи да расте. Наредбата да се седи дома беше донесена кон крајот на јуни поради ширењето на попреносливиот делта сој.
Во најголемиот австралиски град се регистрирани повеќе од 2.500 случаи на коронавирус откако почна новото ширење и ситуацијата не се подобри со воведувањето карантин.
„Невозможно е градот да излезе од карантин овој петок, како што беше планирано“, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан.
Таа најави и дополнително ограничување на движењето, како одење во шопинг најдалеку десет километри од дома.
Викторија и Јужна Австралија денеска го укинаа карантинот, откако ширењето на коронавирусот се намали.
Петте милиони жители на Сиднеј уживаа во релативно нормален живот оваа година пред да почне да се шири делта сојот. Експертите предупредуваат дека затворањето би можело да трае до септември, а можеби и подолго.
Австралија почна со вакцинирањето во февруари и досега само 16% од населението е имунизирано.