Премиерот Зоран Заев, по реакциите на граѓаните, но и на претседателот Стево Пендаровски, кој вчера се чудеше како е возможно кандидат за претседател на државата и кандидати за советник во Град Скопје да собираат исто, по 10 илјади потписи за учество на избори, рече дека таквиот предлог од големите партии ќе се избрише од предложените измени на Изборниот законик.
„Има амбиент, се разговара потребниот процент за учество на независните кандидати на локалните избори да биде 1 процент од вкупниот број запишани избирачи во општината, или тој да биде целосно укинат“, рече Заев на денешната промоција на хидросистемот Јужновардарска долина за земјоделците од Удово, Јосифово, Калково и Пирава, вреден 24 милиони евра.
- НЕМА ДА ГО ПОТПИШАМ ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, НЕ Е ЛОГИЧНО ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА СЕ КАНДИДИРА СО 10.000 ПОТПИСИ И ИСТО ДА СЕ БАРА ЗА СОВЕТНИЦИ, ВЕЛИ ПЕНДАРОВСКИ
- ПРЕПОРАКАТА НА ОБСЕ/ОДИХР Е ПОТПИСИ ОД НАЈМНОГУ 1% ОД ИЗБИРАЧИТЕ И ОЛЕСНУВАЊЕ НА СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ
- ВО ГОЛЕМИТЕ ОПШТИНИ ПОИСПЛАТЛИВО ЌЕ БИДЕ ДА СЕ РЕГИСТРИРА ПАРТИЈА ОТКОЛКУ ДА СЕ СОБИРААТ ПОТПИСИ ЗА КАНДИДАТУРИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ
Вчера Пендаровски кажа дека нема да потпише указ за Изборен законик и поради тоа што измените се сака да се донесат два дена пред распишување на локалните избори.
Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека ќе ги распише на 6 август, а тие би требало да се одржат на 17 октомври.
С. К. ДЕЛЕВСКА