Голем пожар изби денеска на Родос и остави голем дел од грчкиот остров без струја. Пожарот ѝ се заканува на позната Долина на пеперутките, воената база Каламона и селото Псинтос, и сите овие места се евакуирани.
Пожарникарите ги предупредија жителите на околните села и населби да се евакуираат исто така, бидејќи пожарот брзо може да се прошири.
Поради јачината на пожарот, голем дел од Родос е без електрична енергија, а во некои делови нема ни мобилна телефонија. Жители на островот исто така јавија дека немаат вода за пиење.
Пожарникарите се борат со пожарот од попладне, а во гаснењето на пламените се вклучени два специјални авиони и три хеликоптери.