Топлотниот бран низ Грција се очекува да продолжи и во текот на неделава, со температури над 44 степени Целзиусови, како што е прогнозата за денеска. Пожарот на островот Родос што се разгоре вчера, денеска почна да излегува од контрола поради силниот ветер и екстремната суша, соопшти пожарната служба.
Хотелите на Родос засега не се засегнати од пожарот и големиот чад, но 3 села во западниот дел на островот се евакуирани. Во голем дел од островот синоќа немаше струја. Противпожарите авиони и хеликоптери почнаа да гасат уште од рани зори.
Министерството за енергија ги повика граѓаните да штедат струја и да не ги вклучуваат клима уредите на пониско од 26 степени, затоа што долготрајната употреба на климатизерите на најјако го оптоварува енергетскиот систем на земјата.
Метеоролозите стравуваат дека високите температури ќе траат до две недели.