Пожарот кој почна за Илинден на потегот Топлица – Ракле – Никодин сè уште е активен, а еден од краците се шири од Топлица кон магистралниот пат Прилеп-Градско, соопштија од Општина Прилеп каде Општинскиот кризен штаб одржа вонреден состанок. Во гаснењето ќе се вклучат и припадници на Армијата.
„Од пожарот се зголемија трите краци, едниот крак оди кон населеното место Никодин, вториот крак се движи од Ракле кон запад и третиот од Топлица кон магистралниот пат Прилеп – Градско. На денешниот кризен штаб се договоривме 30 припадници на армијата, 16 претставници од Македонски шуми и ТППЕ да се упатат на местото на настанот се̍ со цел да се укаже помош. Јавните комунални претпријатија исто така се мобилизирани и ќе бидат на повик доколку е потребно засилување“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.
Ж. ЗДРАВКОВСКА