Пожар му се заканува на селото Дурутовец, на приодот од Велес. Огнот се заканил на неколку куќи, кои биле во близина на пумпната станица.
„Запалено е стрниште, откако дошло до прекин на електричниот довод, скинат е кабел. Огнот се шири по депонијата. Спасени се четири куќи од селото. Наши екипи се на терен“, кажа Ивица Поповски од Противпожарната единица во Велес, кој заедно со колегите е на местото на пожарот.
Поарот е регистриран околу 18 часот. На лице место се неколку екипи пожарникари од Велес, со две возила. Огнот го гаснат и пожарникари од Македонски железници, бидејќи во опасност е и пругата Велес-Штип.
П. ПЕЧКОВ